Германците остануваат без стоперскиот тандем за осминафиналето?

Германија во последен миг со голот на Никлас Фулкруг стигна до реми (1-1) против Швајварија и го одбрани првото место на табелата во групата А. Сепак, тоа не значи дека нема проблеми во составот на Џулијан Нагелсман.

Во пресрет на нокаут фазата, тој стравува за срцето на одбраната.

Непријатна повреда на мускулот веднаш по ремито со Швајцарците пријави Антонио Рудигер.

„Ќе видиме каква е состојбата со Рудигер. Тој се пожали на болка во квадрицепсот и тоа може да биде многу непријатно во оваа фаза од Европското првенство“, изјави селекторот Нагелсман.

Џонатан Тах, неговиот партнер во срцето на одбраната доби жолт картон на мечот со Швајварија и ќе мора да паузира на следниот натпревар, токму во осминафиналната фаза од ЕВРО 2024.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести