Германците се на чекор од полуфинале на ЕП, за дуел со Данска ќе мора да ги победат Хрватите 

Ракометната репрезентација на Германија вечерва ја оствари најважната победа на Европското првенство, ја совлада Унгарија и е главен фаворит да го освои второто место во групата 1 од главната фаза кое носи во полуфиналето.

Германците ја совладаа Унгарија со 35:28 и се искачија на второто место на табелата со пет бода, додека Унгарија и Австрија имаат по четири, и во последното коло сами ќе си ја кројат судбината. Ако задутре ја совладаат Хрватска, тогаш ќе завршат како втори и во полуфиналето ќе играат против Данска, која е најдобра во групата 2.

Победникот на вечерашниот дуел беше одличен во второто полувреме, откако првиот дел помина во израмнета игра (18:17). Во 39-тата минута, по голот на Кoстер, Германија за првпат дојде до плус четири (23:19), а во 48-мата минута беше 28:22, со што беше јасно кој ќе слави.

Јулијан Кoстер со осум гола беше најдобар кај Германија, додека во редовите на Унгарија, Габор Анчин и Миклош Роста дадоа по шест гола.

- Оглас -

Најнови вести