Германците тврдат дека знаат каде ќе се игра финалето на Лигата на шампионите

Стадионите „Луж“ и „Жозе Алваладе“ во Лисабон ќе бидат местата на одигрување на финалето односно полуфиналињата во фудбалската Лига на шампиони, тврди германски „Билд“, повикувајќи се на сигурни извори. Иако Истанбул требаше да биде градот домаќин на големото финале, сепак проблемот со коронавирусот ги смени плановите, па УЕФА решила завршницата да биде на крајниот запад на европскиот континент.

Кандидати за преземање на организацијата на финалниот турнир биле и германскиот град Франкфурт и руската престолнина Москва, но неколку фактори биле во полза на Лисабон. Прво, сите португалски клубови веќе се елиминирани од еврокуповите, па Португалија се смета за неутрален терен, и второ, епидемилошката слика во градот е подобра во споредба со Франкфурт и Москва, а не е за занемарување и што двата големи стадиони се блиску еден до друг.

Официјално, УЕФА на 17 јуни треба да објави каде ќе се игра завршницата и по каков систем. Се очекува четвртфиналето, полуфинале и финалето да бидат во само еден мач. Финалето се планира за 29 август.

Четвртфиналисти веќе се Атлетико Мадрид, Пари Сен Жермен, РБ Лајпциг и Аталанта. Претстојат реваншите од осминафиналињата Манчестер сити – Реал Мадрид, Јувентус – Лион, Баерн Минхен – Челзи и Барселона – Наполи.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести