Добрата организација на натпреварот на репрезентацијата со Косово, била главна причина што во МКФ со задоволство прифатиле завршницата од Купот да се игра во салата „26 Април“ во овој град.
„Од мое, и од име на граѓаните на Гевгелија, благодарам што сме почестени завршницата на Купот да се игра во Гевгелија. Ќе бидеме одличен домаќин, Гевгелија е кошаркарски град, имаме два клуба во прва лига. Амбиците ни се добро познати, се надевам на фер плеј, и спортски мечеви. Сите се добредојдени, верувам дека ќе биде полна сала. Мислам дека Гевгелија со оваа организација, добива и на спортски план, и освен како дестинација за казина ќе нè препознаваат и како кошаркарски град. Посакувам локално финале Кожув – Бллоктехна. Знам дека гевгеличани ќе дишат во духот на кошарката. Нека победи најдобриот“ – порача градоначалникот Сашко Поцков.
Спортскиот директор на МКФ, Владимир Темелковски, верува дека Гевгелија ќе ја оправда довербата.
„Имаме соработка со Гевгелија, интересот е на енормно ниво, дадовме шанса заедно со градоначалникот и клубот Кожув да го организираме мечот со Косово, сега повторно добивме идеја дека сакаме да се игра тука. Има услови во делот на инфраструктурата, клубовите помогнаа да се организира купот. На МТВ ќе има по два преноси секој ден. Знам дека Гевгелија ќе ја оправда довербата, ќе се потрудиме за овој град да ја продолжи успешната кошаркарска приказна“ – рече Темелковски.
Билетите од утре ќе почнат да се продаваат, по цена од 200 денари за сите четири четвртфиналиња, а за полуфиналињата и финалето по 100 денари. За женските полуфинални мечеви, влезот е слободен. Билети за мшките мечеви ќе се купуваат во сала, со лична карта.
Организаторите додаваат дека изборот иако во салата има само една трибина, веруваат дека нема да има проблем доколку две навивачки групи се најдат една спроти друга.