Ги дочека своите „пет минути“, Винисиус го коментираше транспарентот кој беше наменет за него

Винисиус јуниор не постигна гол за Реал Мадрид на гостувањето кај Манчестер сити, но Бразилецот имаше две асистенции за погодоците на Дијас и Белингам, па секако е еден од најзаслужните за пресвртот и победата на шпанскиот гигант од 3:2, и тоа на теренот на англискиот првак. Доказ за тоа е и наградата за најдобар играч на мечот што ја доби Бразилецот.

Пред средбата, Винисиус беше цел на фановите на Манчестер сити кои му посветија еден транспарент на којшто пораката беше едноставна, а тоа е дека Бразилецот треба да престане да плаче за тоа што не ја освои Златната топка, која му припадна на играчот на Сити, Родри.

Иако беше исмеан пред средбата, Винисиус остана фокусиран и одигра одличен меч, па на крајот беше еден од творците за пресвртот. По мечот, Бразилецот зборуваше за транспарентот и потенцираше дека тоа му дало дополнителна мотивација.

„Секако дека го видов транспарентот. Тоа уште повеќе ме мотивираше. Секогаш кога противничките навивачи прават нешто слично, тоа ми дава дополнителна сила  и мотивација да одиграм одличен меч“, рече Винисиус, кој не пропушти да ги „поздрави“ фановите на Сити по мечот, и тоа на уникатен начин.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести