Ги начекаа на аеродром: Френки де Јонг и Депај отпатуваа за Лондон, се селат во Премиер лигата?! (Видео)

Холанѓаните Френки де Јонг и Мемфис Депај беа начекани од новинари на аеродромот во Барселона како заминуваат за Лондон.

Де Јонг и Депај не сакаа да кажат зошто одат во главниот град на Велика Британија. Се шпекулира дека заминуваат за потврда на нивните трансфери во премиерлигашки клубови, но тоа може и да не е точно.

Прв на аеродромот се појави Де Јонг, кој носеше и куфер, додека малку подоцна се појави и Мемфис.

Сепак, има и информација дека Де Јонг и Депај заминуваат во Британија на свадба кај Дони ван де Бек, а не за да потпишат договори со англиски клубови.

- Оглас -

Најнови вести