Ги нема Аѕурите во Катар поради Македонија, па италијански коментатор се изнавика по голот на Меси (Видео)

Италија ја нема на втор Мундијал по ред, овојпат беше елиминирана од Македонија за настап во Катар, па италијански коментатор се опушти по голот на Лионел Меси за Аргентина против Мексико.

Викаше на цел глас по убавата акција и погодок на Меси, со кој Гаучосите поведоа со 1:0 во 64. минута и го скршија отпорот на Мексиканците.

Акцијата и голот на Меси и начинот на кој италијанскиот коментатор воодушевено реагираше можете да ги погледнете ОВДЕ.

По Меси гол даде и Енцо Фернандес во 87. минута за победа на Аргентина од 2:0.

Во третото коло што ќе одлучува кои две репрезнтации ќе играат во нокаут фазата, Аргентина која има 3 бода ќе игра против лидерот во групата Полска со 4 бода.

Мексико има само еден бод и секој друг исход освен победа против Саудиска Арабија ќе ги елиминира.

Саудијците во првото коло ја победија Аргентина, но вчера загубиија од Полска, па и на нив како најсигурна варијанта за осминафинале им е да победат против Мексико.

 

- Оглас -

Најнови вести