Фотографија каква што секој фан на Ливерпул долго време ја сонуваше. Новиот владетел во Премиер лигата ги обедини трофеите освоени во минатата и актуелната сезона, комплетирајќи ја колекцијата за овој историски момент.
На „Енфилд“ конечно на купче се најдоа пехарите од Премиер лигата, Лигата на шампионите, Светското клупско првенство и европскиот Суперкуп.
https://twitter.com/LFC/status/1286250538510815232
Долгоочекуваниот пехар од англискиот шампионат на „Енфилд“ пристигна вчера, а по големата победа над Челзи од 5-3, Хендерсон и компанија конечно го кренаа.