Се наближува крајот на третата сезона на бесплатната игра Спортска прогноза, која уште чека да го додели главниот подарок „ајфон 11“ на првиот добитник. Во претходното коло бевме многу блиску да го добиеме освојувачот на премијата, но прогнозерот Александар Д. не го погоди француското дерби меѓу Лион и Лил, па си доби утешителен ваучер од Sport Life во вредност од 1.000 денари.
Во најновото 34-то коло, најголемото англиско дерби меѓу Манчестер јунајтед и Ливерпул ќе одлучува дали во финишот од сезоната некој прогнозер ќе се поднови со луксузниот смартфон. Пресметката на најтрофејните англиски клубови е закажана за во недела, во ударниот термин од 17:30 часот и ќе се игра на „Олд Трафорд“.
Колото број 34 стартува во сабота, со дуелот меѓу Верона и Специја, а тој ден има уште три натпревари, меѓу кои е и второлигашкиот меч меѓу Брентфорд и веќе промовираниот Ватфорд.
Во недела, покрај дербито во Манчестер, интересен ќе биде и дуелот меѓу Монако и Лион како една од осумте пресметки во последниот ден од неделата. Резервите се Челзи – Фулам и Гранада – Кадис, кои влегуваат во Генералниот пласман, каде што по крајот на сезоната се доделува Смарт ТВ 48 инчи за најдобриот поргнозер.
Не чекајте, искористете ја една од последните шанси да се подновите со нов смартфон пред почетокот на летото 2021!