Лудиот пресврт на Лион – Лил му го „украде“ „ајфонот 11“ на Александар

Александар Д. беше само на еден чекор од освојување на мобилниот телефон „ајфон 11“ по сумирањето на резултатите на 33-тото коло од Спортска прогноза на Sport Life. Овој играч на бесплатната игра успеа да има 12 погодени фиксови од понудените 13 мечеви.

За погодените 12 пара, Александар си заработи вредносен ваучер од Sport Life  во вредност од 1.000 денари. Сепак, Александар има за што да жали затоа што само еден пар му фалеше за да ја освои главната премија, „ајфон 11“. Промашено му е само дербито од француското првенство меѓу Олимик Лион и Лил.

Александар очекувал победа на Лион и по првото полувреме така и беше. Лион водеше со 2:0, а Лил пред крајот на првиот дел даде гол за 2:1. Во второто полувреме гостите направија целосен пресврт и на крајот се радуваа на триумф од 3:2, со кој се искачија на врвот на табелата во француското првенство.

Освен 12-ката, во ова коло имаше и тројца играчи со по 11 погодоци кои си заработија вредносни ваучери од по 500 денари. Јане Е. ги има промашено Лидс – Манчестер јунајтед и Еибар – Реал Сосиедад. На Христијан Т. утнати му се Валјадолид – Кадис и Лацио – Милан, додека Стефан К. не успеа да ги погоди конечните резултати само на дуелите Валјадолид – Кадис и Лион – Лил.

Денеска во 14 часот очекувајте ги паровите од новото 34-то коло на Спортска прогноза.

 

- Оглас -

Најнови вести