Ги победија со 8:0, па го поканија цело село да им бидат гости и сѐ ќе им биде платено

Реал Сосиедад немаше милост во мечот од првото коло во Купот на Шпанија, па со убедливи 8:0 го елиминираа аматерскиот тим на Бецерил, кој се натпреварува во шестата лига. Бецерили е тим кој доаѓа од едно мало село на северот на Шпанија.

Името на клубот е по селото кое има 754 жители, а интересен беше потегот кој го направи претседатлеот на Сосиедад, Јокин Аперибеј. Првиот човек на Сосиедад ги покани сите жители да бидат гости на меч од Примера дивисион кога домаќин ќе биде Сосиедад.

На сите селани што ќе сакаат да дојдат и да го гледаат Сосиедад, ќе им биде платен организиран превоз, влезница за мечот, но и вечера. Ваквиот потег на Аперибеј е како благодарница за гостопримството на Бецерил.

„За нас мечот против Сосиедад беше како фестивал на фудбалот. Благодарни сме им многу за тоа како се однесуваа со нас. Ќе го погледнеме распоредот и ќе се договориме кога ќе може да дојдеме во Сан Себастијан. Ќе ни биде чест и задоволство“, рече претседателот на Бецерил, Антонио Редондо.

 

 

- Оглас -

Најнови вести