Некогашната надеж на Манчестер јунајтед даде хет-трик, Сосиедад победи 8:0

Реал Сосиедад успешно стартуваше во Купот на Шпанија откако на гостински терен убедливо со 8:0 го елиминираше нисколигашот Бецерил. Гостите беа големи фаворити, а по првите 45 минути водеа со скромни 2:0, но затоа во вторите 45 минути следуваше вистинска голеада.

Најрасположен за погодоци беше некогашната голема надеж на Манчестер јунајтед, Аднан Јанузај. Тој успеа да постигне хет-трик благодарение на головите во 44-тата, 46-тата и 63-тата минута. Третиот гол беше мајсторски, од слободен удар.

Јанузај сезонава има одиграно 10 меча во Примера и нема дадено ниту еден гол, што значи дека ова се негови први погодоци. Интересно е што белгискиот интернационалец минатата сезона постигна вкупно два гола во 24 меча, што значи дека сега само за 90 минути го надмина целиот биланс на погодоци даден од претходната сезона.

 

- Оглас -

Најнови вести