Ги предупредивме обложувачите: Само една победа на домаќините во девет меча од Бундеслигата

По повеќе од два месеца, елитниот европски фудбал повторно е активен. Во германската Бундеслига се одигра 26-тото коло, прво во ерата на пандемијата од корона-вирусот. Овие мечеви по многу нешта се разликуваа од фудбалот на којшто бевме навикнати да го гледаме до пред појавувањето на пандемијата.

Го нема традиционалното поздравување пред мечот на играчите, фотографирањето, нема гушкање при постигнување голови, а најважно од сè е тоа што на трибините НЕМА НАВИВАЧИ. Атмосферата на теренот е како да се игра некој пријателски меч, некој тренинг на два тима, што секако делува многу тажно.

Пред да започнат дуелите од Бундеслигата, ви дадовме една анализа која вели дека тоа што нема да има навивачи на трибините, ќе биде од голема корист за гостинските екипи. Според анализата, домаќиите со помош на навивачите победуваат на 46 отсто од средбите, додека кога се игра пред празни трибини, тој процент е доста намален и изнесува 36 отсто. За комплетната анализа околу влијанието на навивачите во текот на мечот може да прочитате ТУКА.

Дека оваа анализа и статистичките податоци не се случајни, се потврди уште во првото коло во ерата на корона-вирусот. Во деветте меча кои се одиграа во Биундеслигата, домаќините победија само ЕДНАШ. Во останатите дуели гостите се радуваа петпати, додека три меча завршиле нерешено.

Честа на домаќините ја спаси Борусија Дортмунд, која убедливо со 4:0 го победи Шалке во рурското дерби. Лајпциг важеше за голем фаворит на свој терен против Фрајбург, но гостите имаа предност од 1:0 сè до 77-мата минута, па за домаќините добро беше и тоа што на крајот освоија бод (дуелот заврши 1:1). Фаворити беа и Келн против Мајнц и Фортуна Диселдорф против Падерборн, но не победија. Келн иако имаше водство од 2:0, на крајот Мајнц освои бод (2:2), а на дуелот во Диселдорф мрежите мируваа.

Во останатите пет натпревари, гостите доминираа и победија. Фаворитите Баерн Минхен и Баер Леверкузен немаа проблеми на гостувањата кај Херта и Вердер, а три бода на гости освои и Борусија Менхенгладбах, која се бори за висок пласман.

Со полн плен од гостувањата си заминаа и Херта кај Хофенхајм, како и Волфсбург против Аугсбург.

Едноставно, играњето без публика сигурно е мотив повеќе за гостинските екипи да освојуваат што е можно повеќе бодови во оваа ера на корона-вирусот на фудбал со празни трибини.

- Оглас -

Најнови вести