Корона-сезоната ќе се игра пред празни трибини и затоа мора да знаете еден важен податок што може да влијае на обложувањето

Бундеслигата е прва од Топ 5 лигите во Европа која реши да го превземе храбриот потег, а тоа е да започнат мечевите во време на пандемијата со Коронавирусот. Освен германското првенство, во продолжение се очекува да направат рестарт и шампионатите во Англија, Италија и Шпанија, додека Французите решија да ја прекинат сезоната, а титулата му припадна на Пари Сен Жермен.

Тоа што е најкарактеристично за продолжение на сезоната е дека сите мечеви ќе се играат пред празни трибини, односно без присуство на публика. Тоа ќе биде една голема промена за екипите, посебно кога играат на домашен терен. Што значи домашниот терен во фудбалот и дали тој има улога за резултатот, открива една неодамна направена студија.

МНОГУ СЕ ПОГОЛЕМИ ШАНСИТЕ ЗА ПОБЕДА НА СВОЈ ТЕРЕН

Екипите кои играат на домашен терен во најсилните пет европски лиги (Италија, Германија, Англија, Франција и Шпанија) во просек победуваат на 46 отсто од натпреварите. Гостите се радуваат на 26 отсто од мечевите, а 28 средби завршуваат нерешено. Ваквиот многу повисок процент за победите на домаќините може да се објаснат на два начини.

Првиот начин е тоа што екипата која е домаќин игра на препознатлива атмосфера, го знае теренот, публиката, додека на гостите им треба време да се прилагодат на дочекот кој го имаат. Освен оние најсилните екипи во лигите, кои се борат за титулите, сите останати клубови се и задоволно ако на гостински терен успеат да освојат барем еден бод. Со помошн а публиката, домаќините имаат поголема сила да тргнат во напад, да се обидат да го загрозат противничкиот гол.

Вториот начин е тоа што судискиот критериум секогаш е на страната на домаќините. Статистички, арбитрите досудуваат помалку фаули и доделуваат помалку жолти картони на домашните екипи, што секако може да се окарактеризира како притисок од публиката на трибините.

КОГА НЕМА ПУБЛИКА, ПРОЦЕНТОТ ЗА ПОБЕДА НА ДОМАЌИНИТЕ ДРАСТИЧНО ПАЃА

Истражувањето покажува дека публиката навистина влијае на резултатот и поголема корист имаат домаќините. Ако со присуство на публика, домашните екипи се радуваат на 46 отсто од мечевите, кога нема гледачи тој процент е драстично помал.

Од 2002 година до сега, 191 меч биле одиграни пред празни трибини поради најразлични причини, а процентот за победа на домаќините не е веќе толку висок (46 отсто), туку сега е паднат на 36 отсто победи, додека веројатноста за победа на гостите се зголеми од 26 на 34 отсто. Тоа само потврдува дека навивачите и тоа како се предност за клубовите кои играат на свој терен.

Кога има публика, а домаќините губат, судиите речиси редовно даваат поголема дополнителна минутажа да се доигра за загубеното време. Кога нема публика, времето за судиско надополнување е помало.

Едноставно многу докази покажуваат дека домашните екипи ќе бидат многу пооштетени во ова продолжување на Корона-шампионат.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести