15.8 C
Skopje
петок, 18 јули 2025

Ги видовте ли Ѓаволските утки на Манчестер? Се изредија без успех Еланга, Бруно и Ериксен (Видео)

Манчестер јунајтед пропушти три зицери во иста акција против Саутемптон во 19. минута и вистинско чудо е како Еланга, Фернадеш и Ериксен не успеаја да им донесат предност на Црвените Ѓаволи.

Еланга се обиде прв и не успеа во ситуација еден на еден со Базуну, но голманот на Саутемптон одбрани, а потоа кулминираше драмата, откако Бруно погоди во блок играч на домаќините, а не успеа ниту Ериксен од близина.

Целата ситуација од 19. минута можете да ја погледнете ОВДЕ.

По половина час игра во првото полувреме се уште нема голови на „Сент Мери“ во Саутемптон.

- Оглас -

Најнови вести