Гигс отпадна во последен час, Анри и Ширер се првото славно дуо во Премиер лигата

Рајан Гигс со фудбалските достигнувања како најтрофеен играч во историјата на Премиер лигата заслужи да биде во тандем со Алан Ширер, како први двајца фудбалери што се членови на Куќата на славните, но е изоставен во последен час и место него, одликуван ќе биде Тјери Анри.

Гигс има вкупно 34 пехари со Манчестер јунајтед, најмногу од сите играчи во ерата на Премиер лигата, но е под обвинение за напад на две претставнички од понежниот пол, па ќе мора да се појави на суд утре.

Тоа беше решавачко за да биде изоставен од промоцијата во Куќата на славните, што е нов фудбалски проект во Англија.

Алан Ширер остана, сега заедно со Анри како првиот тандем што ќе биде почестен да влезе во популарниот „Hall of fame“ на Премиер лигата.

Во следната фаза ќе бидат примени уште неколку познати фудбалски имиња, а подготвена е листа од 23-ца фудбалери за кои може да се гласа.

Интересно е што и на неа има неколку играчи што имаат проблематично минато и се казнувани или биле под истрага за прекршоци надвор од теренот.

 

- Оглас -

Најнови вести