21.8 C
Skopje
четврток, 31 јули 2025

Гилџес-Александер покажа зошто е МВП: Во последните четири минути даде 15 поени и ја одведе Оклахома до победа (Видео)

Кошаркарите на Оклахома победија на гостувањето кај Индијана со 111:104 и израмнија на 2:2 во финалната серија од НБА плеј-офот. Индијана имаше предност од 2:1, и водство од 10 разлика на свој терен пред крајот на третата четвртина (86:76), но Оклахома не се предаде.

Во клучните моменти на сцена се појави Шеј Гилџес-Александер кој беше МВП на сезоната во НБА. Гилџес-Александер во последните четири и пол минути од мечот постигна дури 15 поени и практично сам направи пресврт, водејќи ја Оклахома до израмнување на 2:2.

Индијана водеше во најголем дел од мечот, во финишот домаќините влегоа со водство од 101:97, но на крајот Оклахома со серија од 14:3 стигна до победа.

На крајот, Гилџес-Александер мечот го заврши со 35 поени, Џелен Вилијамс додаде 27 поени, а Алекс Карусо застана на бројката од 20 поени.

Кај Индијана, најпрецизен беше Паскал Сиакам со 20 поени, а Тајрес Халибартон додаде 18 поени. Следниот меч ќе се игра на теренот на Оклахома во ноќта недела кон понеделник.

- Оглас -

Најнови вести