Борусија Дортмунд славеше против Хајденхајм на домашен терен со 3-2 во 20-тото коло од германската Бундеслига.
По овој драматичен натпревар, одеднаш се разгоре шампионската трка во Германија. Баерн во ова и во претходното коло испушти вкупно пет бода, додека Борусија го искористи тоа и сега се доближи на само шест бода зад бранителот на титулата.
Хајденхајм вечерва одигра одличен натпревар, но и понатаму останува закован на дното на табелата со само 13 бодови.
Ништо не навестуваше драма кога дефанзивецот на Милионерите, Валдемар Антон, одлично се снајде по корнер и грешката на голманот Рамај, погодувајќи за 1-0 во 44-тата минута.
Сепак, во петтата минута од судиското продолжение на првото полувреме следеше „студен туш“ за домашната публика, Јулијан Нихаус израмни на 1-1.
Тука не застана Хајденхајм, ниту пак Нихаус, кој во 48-та минута со силен удар од околу 20 метри постигна ефектен гол за целосен пресврт и водство од 1-2.
Тогаш на сцена стапи најдобриот стрелец на Дортмунд, Серху Гираси, кој успеа да ги врати работите во рамнотежа. Во 68-та минута реализираше пенал за 2-2, а само една минута подоцна мајсторски заврши брз противнапад по асистенција на Бајер за 3-2.
Во 85-та минута Борусија Дортмунд доби уште еден пенал, но Гираси не успеа да го комплетира хет-трикот, шутирајќи над голот.
Во судиското продолжение гостите имаа две огромни шанси да стигнат до израмнување, но среќата не беше на нивна страна.

