Главниот судија призна: Требаше да досудам пенал за Аргентина против Бразил

Бразил во неделата се израдува на шампионскиот трофеј во Копа Америка откако со 2:1 го победи Перу на „Маракана“ во Рио де Жанеиро. Сепак, според многумина, финале пред финале беше дуелот меѓу Бразил и Аргентина во полуфиналето.

Кариоките победија со 2:0, но мечот го одбележаа две контроверзни одлуки. Аргентинците реагираа и бараа судијата да досуди пенал во нивна корист, но тоа не се случи бидејќи арбитерот Роди Замбрано воопшто не сакаше да побара помош од системот ВАР. Судијата сега се кае што не го направил тоа барем во една од двете ситуации.

„Судиите во ВАР-собата ја прегледуваа ситуацијата со Отаменди и ми рекоа дека не е чист пенал, туку дека се работи за ситуација 50/50. Не ми советуваа да одам и да ја погледнам снимката. Откако видов што се случило, сега тврдам дека требаше да ми речат да одам и да ја погледнам ситуацијата“, изјави судијата Замбрано.

Сепак, судијата останува доследен дека во ситуацијата кога Алвес стартува на Агуеро, нема простор за досудување пенал. „Јасно се гледа дека Агуеро прв стапна на Алвес. Тука нема пенал“, додава главниот судија на полуфиналето Бразил – Аргентина, кој додава дека во ниту еден момент не загубил комуникација со ВАР-собата како што тврдеа некои медиуми.

Двете спорни ситуации за кои Аргентинците тврдат дека требало да има пенал, а судијата не побара помош од ВАР системот, може да ги погледнете ТУКА.

 

- Оглас -

Најнови вести