Зошто немаше гледање ВАР? Аргентинците оштетени за два пенали? (Видео)

Бразил ја победи Аргентина со 2:0 и се пласираше во финалето на Копа Америка, каде што ќе го чека подобриот од дуелот Чиле – Перу. Кариоките дадоа по еден гол во двете полувремиња и ќе се борат за златото, додека Аргентина веќе 26-та година останува без трофејот.

На дуелот во Бело Хоризонте, Аргентина повеќе напаѓаше, но гостите не дадоа ниту еден гол. Сепак, останува спорно дали судијата Зaмбрано од Еквадор најдобро си ја заврши работата. Гаучосите се жалат на две спорни ситуации во кои можеа да добијат пенал.

Во првата, Бразилецот Артур буквално го разнесе Отаменди по една борба за нафрлена топка, но судијата не реагираше.

https://twitter.com/Vikranx/status/1146241994106265606

Втoрата спорна ситуација беше непосредно пред да биде постигнат вториот гол на Бразил. Аргентина беше во напад, Меси уфрли една топка кон Агуеро, а овој беше сопнат во шеснаесетникот на противникот. Судијата повторно не досуди ништо, а Бразил од контранапад само 20-тина секунди подоцна го даде вториот погодок и ја осигури победата.

По мечот, посебно лут беше капитенот на Аргентина, кој изјави дека Бразил морал да игра во финалето.

https://twitter.com/Ibroo_Messi/status/1146242936042131457

 

 

- Оглас -

Најнови вести