Екипата на Вардар остана без тренер откако Никола Глигоров одлучи да си поднесе оставка по несреќниот пораз од Гостивар.
Предводникот на црвено-црните ја презеде одговорноста по поразот од 2:1, а од клубот му посакаа среќа во понатамошната кариера.
„ФК Вардар ја информира јавноста дека шефот на стручниот штаб Никола Глигоров си поднесе оставка по поразот на вчерашниот натпревар со Гостивар и повеќе нема да го води нашиот клуб.
ФК Вардар му се заблагодарува за досегашната соработка и му посакува среќа и успех во понатамошниот тек на кариерата“ стои во соопштението на ФК Вардар.