Срамотно е судењето во Гостивар – Досуден е смешен пенал против Вардар а уште посмешен е „офсајдот“ (ФОТО)

Фудбалска трагедија се нашите лиги. Секое коло грешки за во гинисовата книга на рекорди, а тоа што му се случува на Вардар на гостувањето кај Гостивар е за неверување.

Вардарци најпрвен поведоа со 0:1, но кон крајот на првиот дел следеше вистинско шоу од судијата Илиоски Влатко кој што најпрвин досуди смешен пенал за домаќините.

Тоа како да не беше доволно, па неколку минути подоцна, неговиот помошник крена уште посмешен офсајд, иако имаше играч на Гостивар кој што беше во својот шеснаесетник.

По првиот дел резултатот е 1:1, а прашање е дали гостите ќе излезат во вториот дел од мечот.

- Оглас -

Најнови вести