Норвежанката Ада Хегерберг е првата добитничка на престижната награда на „Франс фудбал“ и таа е првата дама во фудбалот што ја доби Златната топка, но едно глупаво прашање и го расипа моментот.
„Дали знаеш да тверкаш?“, ја праша водителот и диџеј Мартин Солвеиг, а збунетата Ада кусо одговори „не“ и си замина од сцената.
Реакциите на социјалните мрежи се исклучително негативни на односот на Солвеиг, кој се занесе и комплетно им го расипа славеничкиот момент на фудбалерката на Лион и на норвешката репрезентација.
„Малку е да се каже дека сум бесен. Кој му дозволи на Солвеиг воопшто да учествува на ваква сериозна манифестација“, е еден од коментарите на социјалните мрежи.
„Франс фудбал“ вчера за првпат ја доделуваше и наградата Златна топка на најдобрата фудбалерка, но првенчето мина во сенка на глупавиот гест на Мартин Солвеиг.
Ada Hegerberg.
UEFA Women's Champions League winner. Three times.
First female ever to win the #BallondOr.
Being asked about twerking.
Blatant sexism in 2018.pic.twitter.com/SnkKxoRNhG
— DW Sports (@dw_sports) December 3, 2018