По сè изгледа, кратко ќе трае авантурата на Хамес Родригес во Катар. Колумбијецот пред неколку недели од Евертон се пресели во редовите на Ал-Рајан, но многу е веројатно дека тој вчера го одигра последниот меч за овој клуб.
Тој во поразот од Ал-Араби, во заввршницата тргна да се пресмета со судијата, а поради жестоките зборови и намерата, доби црвен картон, а според информациите, го очекува и голема казна.
Голема е веројатноста дека во јануари ќе следува враќање во Европа, но прашање е кој квалитетен клуб би го сакал проблематичниот Родригес, кој несомнено е дека поседува квалитет, ама однесувањето во најмала рака е дискутабилно.
#JamesRodriguez
pic.twitter.com/ErPYX5uI7t— Ahmed Abdou أحمد عبده (@AAbdou27) October 30, 2021