Еден од најбараните напаѓачи во Европа во овој момент е Џонатан Дејвид од Лил. Репрезентативецот на Канада е на мета на клубови од Премиер лигата, а интерес за него има од Барселона.
Фудбалерот јавно изјави дека е подготвен да потпише за „каталонците“, дури и да му биде резерва на Роберт Левандовски, кој е неприкосновен во нападот на Барселона. Медиумите во Шпанија ова го сметаат како притисок за да преземат конкретни чекори од таборот на Барселона, но Ханси Флик и раководството се двоумат.
Проблем се карактеристиките на фудбалерот, кој е многу брз и потребен му е простор, а Барселона со него во нападот би имала проблем против екипи кои се бранат. Договорот на Дејвид со Лил истекува налето, па може и како слободен фудбалер да пристигне во Каталонија, а неговата моментална вредност изнесува 45 милиони евра.