Доминик Собослаи е миленик на навивачите на Лајпциг, но тоа не важи вечерва и унгарскиот репрезентативец има многу проблеми на својата „Ред Бул арена“ на дуелот со Германија.
Собослаи беше напаѓан при секој прекин, односно при изведување на корнерите, а со тврди предмети го гаѓаа навивачите од трибините.
Веројатно истите на кои им е миленик кога игра во дресот на Лајпциг во Бундеслигата и во еврокуповите.
Но, вечерва и занего нема милост, а Собослаи го намести и единствениот погодок, што на мајсторски начин го постигна Салаи и со кој во финишот Унгарија води со 1:0 против Германија.
Моментот од акцијата за единствениот гол и жешкта атмосфера на „Ред Бул“ арена можете да го погледнете ОВДЕ.
Собослаи пак беше нападнат со тврди предмети од трибините и подоцна во првото полувреме, а кко изгледаше тоа погледнете ОВДЕ.