Го имаме најглупаво направениот пенал сезонава, се случи во Нови Сад (Видео)

Просто неверојатно е како фудбалер на Војводина не размислуваше во една ситуација  а вечерашниот меч со Раднички Ниш и буквално му подари пенал на противникот.

Во една од најбизарните ситуации во историјата на српскиот фудбал, голманот Драган Росиќ му ја додаде топката на својот стопер Сеид Кораќ да шутне, овој мртов ладен ја фати во раце за да ја намести на друго место пред да ја шутне. Сепак, судијата веднаш досуди пенал за гостите.

Сите на стадионот беа во неверување, протестираа и Кораќ и Росиќ, се обидоа да објаснат дека дошло до недоразбирање и дека не знаеле дека по контактот што го имал Росиќ со топката, судијата имал веќе пресметал дека играта е во тек.

Судијата Павле Илиќ беше немилосрден, веднаш покажа на белата точка, а Вања Илиќ беше прецизен од белата точка за водство на Раднички од 2-1 во тој момент. Средбата имаше луд финиш, во кој домашните дадоа два, а гостите еден гол, па конечниот резултат беше 3-3.

Погледнете и сами како изгледаше тоа:

- Оглас -

Најнови вести