Ламело Бол одигра меч за историја во НБА лигата, откако стана најмладиот кошаркар што успеал да оствари трипл-дабл и да го присвио рекордот кој некогаш го држеше неговиот постар брат Лонцо, но и легендарниот Леброн Џејмс.
Во победата на Шарлот против Атланта од 113:105, Ламело имаше учинок од 22 поени, 12 скока и 11 асистенции, па со 19 години и 140 денови го превзема рекордот кој досега беше во сопственост на Маркел Фулц, кој имаше трипл-дабл со 19 години и 317 денови.
LaMelo Ball in his last 2 games
➖➖➖
Last night: 12 PTS | 10 REB | 9 ASTTonight: 22 PTS | 12 REB | 11 AST
Better and better by the day. 🔥🔥 pic.twitter.com/mPSAMu9j2t
— Hilltop Hoops (@HilltopNBA) January 10, 2021
Освен Ламело и Фулц, во историјата на НБА само уште еден играч успеал да има трипл-дабл како тинејџер, односно пред да наполни 20 години. Тоа е Лука Дончиќ, кој беше 10 дена постар од Фулц кога го имаше своето прво вакво постигнување, па Словенецот никогаш не бил сопственик на овој интересен рекорд во НБА лигата.
Во мечевите кои ноќеска се играни во НБА лигата постигнати се следниве резултати: Индијана – Феникс 117:125, Вашингтон – Мајами 124:128, Милвоки – Кливленд 100:90, Минесота – Сан Антонио 122:125 (по продолжение), Далас – Орландо 112:98, Сакраменто – Портланд 99:125.