Го имаме најскапиот трансфер за оваа зима, Кварацкелија заминува од Наполи за 70 милиони евра

Францускиот првак Пари Сен Жермен е на прагот од официјализирање на договор со Квича Кварацкелија. Ѕвездата на Наполи јавно побара да си замине од клубот, а веднаш како прва опција се појави гигантот од „Паркот на принцовите“.

Според пишувањата, Кварацкелија веќе ги има договорено личните услови со ПСЖ и наскоро се очекува двата тима да се договорат за реализација на трансферот. Најавите се дека ПСЖ ќе плати 70 милиони евра за трансферот, плус бонусите.

Кварацкелија одигра 107 меча за Наполи, беше дел од шампионската генерација која по пауза од преку 30 години ја освои титулата во Серија А. Има 30 голови и 29 асистенции.

Доколку се реализира овој трансфер, тој ќе биде еден од најскапите во историјата направен во јануари. Во зимскиот преоден рок најскапи трансфери биле тие на:

Фелипи Кутињо од Ливерпул во Барселона за 135 милиони евра во 2018 година,

Енцо Фернандес од Бенфика во челзи за 121 милиони евра во 2023 година,

Вирџил ван Дајк од Саутемптон во Ливерпул за 84,7 милиони евра во 2018 година,

Душан Влаховиќ од Фиорентина во Јувентус за 83,5 милиони евра во 2022 година,

Михајл Мудрик од Шахтар во Челзи за 70 милион евра во 2023 година.

- Оглас -

Најнови вести