Игор Ристески од Скопје е новиот шампион во Типстер купот на Sport Life обложувалниците. Во пролетната етапа на Типстер купот, Игор освои најмногу поени во финлето и заслужено ќе вози нов автомобил „пежо 308“.
Оваа етапа беше една од најнеизвесните во неколкугодишната историја на Типстер купот. Буквално, нијанси решаваа за шампионското место. На крајот, Игор освои 70.815,0060 поени на неговата Sport Life картичка со број ***-***176 и успеа да се најде на тронот пред Златко Крстески со освоени 68.996,5187 поени.
Многу блиску до освојување на главната премија беа сите оние финалисти кои завршија до шестото место во конечниот поредок, а тоа се: Марјанчо Ристески (67.787,7743 поени), Димитар Мицковски (65.543,9005), Веселин Пецаноски (64.753,5527) и Билјана Крстеска (64.393,9511 поени). Во топ 10 има место и за Даниел Тасевски (53.317,7631 поени), Тодор Ацевски (47.928,3545), Еди Пеовски (44.289,7051) и Миле Пејоски (43.760,5280).
Со завршување на финалната фаза од пролетниот дел, Sport Life обложувалниците комплетираа уште една супер успешна сезона во ова натпреварување, и тоа со два доделени автомобили „пежо 308“. Во есенскиот дел од Типстер купот, шампион беше Александар од Кочани, а сега место меѓу шампионите си обезбеди и Игор Ристески од Скопје.