Го имаме победникот за најатрактивно забивање сезонава во НБА, се случи утрово (Видео)

Минесота победи на гости кај Јута со 114-104 и остана на делба на второто место на Западот заедно со Денвер, а на овој меч во Солт Лејк сити се случи најатрактивното забивање во НБА-лигата за сезоната.

Ентони Едвардс толку добро заби преку противничкиот играч Џон Колинс, што некои од соиграчите се држеа за глава и не им се веруваше што виделе. При забивањето, Едвардс го повреди прстот на раката, но продолжи да игра и средбата ја заврши со 32 поена.

Едвардс не го ни допре обрачот, а изјави дека во прв момент мислел дека нема да успее бидејќи бил предалеку, но верува дека Господ му помогнал да ја забие топката.

ЛА лејкерс извојува убедлива победа над Атланта од 136-105. На Лејкерс им се врати Ентони Дејвис, а сите петмина стартери на Езерџиите имаа барем 12 поени, па ова е тимска победа. Њујорк победи во Сан Франциско против Вориорс со 119-112, што за Никс е четврти триумф по ред. Убедлив беше и Бостон против Детроит со 119-94, а Дерик Вајт го направи првиот трипл-дабл во кариерата.

Ова е монструозното забивање на Едвардс, кое е потег на вечерта во НБА:

https://twitter.com/i/status/1769916235460788616

- Оглас -

Најнови вести