Сон Хеунг-мин веќе десет години е дел од Тотенхем, а неодамна го освои и првиот трофеј во дресот на клубот од Лондон откако во финалето од Лигата на Европа го победи Манчестер јунајтед. Кореецот го исполни ветувањето и му остана лојален на клубот, за разлика од Хари Кејн, кој си замина.
Двајцата важеа за проколнати фудбалери бидејќи не освоија ниту еден трофеј со Тотенхем, но сега навивачите се израдуваа на трофеј по речиси 20 години чекање.
Сепак, Хеунг-мин откако ја исполни својата мисија, е подготвен за промена на средината, но се чини и на континентот. Екипите на Ал-Насар, Ал-Хилал и Ал-Ахли се заинтересирани за негов ангажман, а тој нема ништо против.
Преговорите се во тек, па лесно може да се случи Сон Хеунг-мин да го напушти Лондон по десет години.
| Son Heung-min (32) could leave Tottenham this summer.
He is a target for Saudi Pro League teams, reports @TeleFootball. pic.twitter.com/TpWKJzUs7E
— EuroFoot (@eurofootcom) June 3, 2025
Кореецот во Лондон пристигна од Баер Леверкузен пред десет години за 40 милиони евра. За Тотенхем одигра 454 натпревари со ефект од 173 гола и 101 асистенција.