Го избраа да шутира во пенал-серијата, а се избламира пред цел свет (Видео)

Фудбалерот на парагвајскиот тим Индепендиенте, Бендрикс Пара, се посрамоти при обидот на атрактивен начин да ги совлада голманот на колумбискиот тим Ла Еквидад.

Откако двата меча од Копа Судамерикана завршија со 0-0, мораа да се изведуваат пенали. Во третата серија, Пара се обиде со поткопување на топката, во стилот „Паненка“ да ја застре мрежата, но тоа го изведе толку лошо, што топката одвај стигна до голот, а клекнатиот голман успеа лесно да одбрани со гради, интервенција со рацете не му беше потребна.

Да биде маката поголема, тимот на Пара загуби во пенал серијата и нема да биде учесник во групната фаза од јужноамериканската верзија на Лигата на Европа.

https://twitter.com/i/status/1118349157708849152

- Оглас -

Најнови вести