Го купија за 115 милиони евра, добива најголема плата во Шпанија, конечно даде гол по 188 дена (Видео)

Кога пред три години Еден Азар дојде во Реал Мадрид, сите очекуваа тој да биде главната ѕвезда во тимот. Беше платен 115 милиони евра, доби плата каква што сега нема никој во Примера дивисион, но сепак ефектот на теренот беше минимален, односно речиси никаков.

Според „Трансфермаркт“, Азар сега вреди само 12 милони евра, односно само една десеттина од тоа што Реал го плати за него пред три години. Честите повреди го исфрлија од форма, па Белгиецот многу повеќе беше надвор од редовите или на клупата за резерви, а не на теренот.

Пред да дојде во Реал Мадрид, Азар имаше постигнато 160 погодоци во клупската кариера, а сега за три сезони погоди само шестпати. Последниот погодок на официјален меч му е против Елче во Купот на Шпанија, постигнат на 20 јануари.

Од тој погодок досега поминаа 188 дена без гол на Азар, кој конечно ја затресе мрежата на противникот, и тоа од пенал, во пријателскиот дуел против Клуб Америка во ремито 2:2.

- Оглас -

Најнови вести