Познати се најплатените играчи во Ла Лига: Стаклениот Крал е на врвот

Порталот capology.com откри кои се најплатените фудбалери во Ла Лига. Во блиското минато се знаеше, тоа беа Лионел Меси и Кристијано Роналдо, но во нивно отсуство, „тронот“ му припадна на Еден Азар.

Стаклениот Белгиец од Реал Мадрид неделно инкасира 600.000 евра, односно 31,25 милиони евра на годишно ниво. Зад него е голманот на Атлетико Мадрид, Јан Облак, со 480.000 неделна плата или 25 милиони евра за секоја сезона.

Следува Карим Бензема со 461 илјада евра седмично, па Давид Алаба со 432.000, додека петти најплатен фудбалер Серхио Бускетс со 423 илјади евра.

Во топ 10 уште се најдоа Крос, Гриезман, Винисиус јуниор, Алба и Модриќ.

- Оглас -

Најнови вести