Автобиографската книга на капитенот на Јувентус Џорџо Кјелини, наскоро треба да се пушти во продажба, а неколку италијански медиуми веќе открија сочни детали. Кјелини во книгата открива како се чувствува за Интер, еден од ривалите на Старата дама во Серија А, а пишува и кои од играчите со кои делел соблекувална не ги поднесува.
„Невозможно е за мене да не го мразам Интер. Исто како што Џордан го мрази тимот на Детроит пистонс, така јас го мразам Интер“, пишува во книгата на италијанскиот стопер.
„Балотели и Фелипе Мело се неподносливи и негативни личности. Тие двајца немаат почитување кон никого, ниту кон својот тим. Кога со репрезентацијата игравме против Бразил во 2013 година во Купот на конфедерации, Балотели толку многу ме изнервира што малку недостасуваше да му залепам шлаканица. Мело е уште полош од Балотели. Цело време се обидува да изнуди конфликт. Тој беше како „труло јаболко“ во екипата и не го криев моето мислење бидејќи ги поминуваше границите на толеранција“, стои во продолжението од книгата на Кјелини.