Турскиот медиум „Милиет“, но и неколку други спортски гласила од оваа земја објавија дека неодамнешниот тренер на младинците на Фенербахче, Ѓокан Бозкаја, ќе биде нов спортски директор на македонскиот првак Шкупи.
Првично „Милиет“ објави погрешна информација дека Бозкаја ќе го замени Гоце Седлоски како нов тренер на чаирчани, а сега доаѓа нова информација дека тој ќе биде нов спортски директор.
Договорот паднал при неодамнешното гостување на Шкупи во Истанбул, каде што одиграа 2:2 со Фенербахче, а се очекува Бозкаја наскоро да допатува во Скопје и да ја преземе функцијата спортски директор непосредно пред стартот на квалификациите во Лигата на шампионите.
Шкупи во првото коло што почнува идната седмица ќе игра двомеч со Линколн Ред Импс од Гибралтар и ако мине понатаму, ќе треба да игра со хрватскиот гигант и шампион Динамо Загреб.