Големата легенда на Ливерпул и на островскиот фудбал Грем Сунес ги „запали“ социјалните мрежи со изјавата дека Пол Погба е „кршач на нозе“, по контроверзниот момент на мечот меѓу Вулветхемптон и Манчестер јунајтед што се случи во 80-тата минута.
Погба стартуваше над Рубен Невеш, веројатно и го фаулираше, но судијата Мајк Дин одлучи акцијата да продолжи и Мејсон Гринвуд го постигна победничкиот гол за Манчестер јунајтед.
Веднаш потоа Сунес изјави дека Погба намерно го фаулирал Рубен Невеш и дека е срамно што судијата Дин не досудил фаул и не го исклучил Погба.
„Јасно се гледа дека Погба намерно оди да го фаулира Невеш. Тоа е старт што можеше да му ја скрши ногата на противникот. Погба е кршач на нозе и се чудам како судијата не го исклучи“, изјави Сунес.
Навивачите на Манчестер јунајтед, екипа што е голем ривал на Ливерпул, веднаш реагираа и со видео го потсетија Сунес на крвничкиот старт како играч на Глазгов ренџерс во дуелот против играчот на Стеауа, Георге Ротариу. Тогаш Сунес, кој е Шкот, играше за Глазгов ренџерс, а стартот е рангиран во Топ-20 најбрутални на сите времиња.
Докторот што му помогна на Ротариу по повредата изјави дека романскиот фудбалер можел и да умре на теренот ако не била брзата интервенција на медицинскиот тим.
Graeme Souness on Pogba: “It's a leg breaker, its a dangerous tackle and it's a leg breaker. It's impossible for anyone who knows anything about football to say that isn't a foul."
— United Zone (@ManUnitedZone_) August 29, 2021
Манчестер јунајтед и Ливерпул се големи ривали во Англија и двете најтрофејни екипи. Црвените ѓаволи се на врвот на вечната листа со 20 шампионски круни, а Ливерпул е зад нив со 19 трофеи во англиското првенство.