Навивачите му пееја дека е измамник, Погба со екстра-потег ги натера да му аплаудираат (Фото)

Навивачите на Вулверхемптон го навредуваа Пол Погба нарекувајќи го измамник, но францускиот ас со екстра-потег ги смири по мечот и ги принуди да му аплаудираат.

Погба дојде до трибината каде што беа симпатизерите на домашниот тим и му го подари дресот на еден од навивачите на Вулверхемптон.

Потоа брзо се сврте ситуацијата и од погрдно скандирање, симпатизерите на Волците почнаа да му аплаудираат на Погба.

Спорниот момент на мечот во 80-тата минута ќе предизвика многу полемики откако Погба стартуваше и веројатно направи фаул во дуелот со Рубен Невеш, но судијата покажа акцијата да продолжи и Мејсон Гринвуд го постигна победничкиот гол за Манчестер јунајтед.

Pogba tackle on Neves leading up to Manchester United goal from soccer

 

- Оглас -

Најнови вести