Го нарекуваа хрватскиот Меси – Играше со Лео во Барселона, сега одлучи да ја спасува кариерата во клуб каде што игра македонски репрезентативец

Големиот талент на хрватскиот фудбал, Ален Халиловиќ, ќе се врати во својата земја и ќе игра за Риека.

Некогаш беше бисер на хрватскиот фудбал и најавуван како новиот Меси, дури беше и член на Барселона, но не успеа да го потврди раскошниот талент и често менуваше клубови.

Во последните 8 години беше член на 10 клуба, а Риека ќе му биде и единесеттиот на 26-годишниот фудбалер.

Последен клуб на Ален беше англискиот член на Чемпионшип, Рединг, кој му дозволи да се пресели во Риека, клуб за којшто настапува македонскиот репрезентативец Дарко Велковски.

Халиловиќ има 10 настапи за хрватската репрезентација.

 

 

- Оглас -

Најнови вести