Го навредуваа само него, а токму тој им даде гол и бараше да ги слушне (Видео)

Челзи полека почнува да ја подобрува ефикасноста, после двата погодоци против Борусија Дортмунд, сега и во Премиер лигата дадоа два, и тоа за едно полувреме на гостувањето кај Лестер.

Фановите на Лисиците го исвиркуваа Бен Чилвел, кој е екс играч на Лестер, а судбината сакаше токму тој да даде убав гол за 1-0, и ги стави рацете зад ушите, покажувајќи им на домашните навивачи во стилот „ништо не ве слушам“.

- Оглас -

Најнови вести