Садио Мане уште во официјалното деби го постигна првенецот во дреност на Баерн Минхен. За 2-0 на германскиот првак против Лајпциг, Сенегалецот стрелаше во 31-та минута, па сега Баварците се на пат да го одбранат трофејот во германскиот Суперкуп.
Баерн покажува дека нема проблем што остана без голгетерот Роберт Левандовски, има и други играчи кои може да реализираат во клучни ситуации.
Младиот Мусијала претходно во 14-тата минута одлично се снајде во мешаницата пред голот на Црвените бикови, па го совлада Гулашчи со првиот шут на Баварците кон противничкиот гол.