Го обесија иранскиот борец осуден на смртна казна

Иранскиот првак во борење Навид Афкари утрово беше погубен, откако претходно беше осуден на смртна казна. Афкари беше обвинет дека на антивладините протести во 2018 година со нож убил еден од редарите кои го обезбедувале протестот.

Од семејството на Афкари постојано повторуваа дека борецот не е виновен и дека постојано бил измачуван за да даде лажно признание дека го убил редарот. Освен Навид, осудени беа и неговите браќа Хабиб и Вахид кои треба да одлежат неколку години во затвор.

Пред неколку дена во обид да се спаси животот на Афкари, писмо упати и првиот човек на УФЦ, Дан Вајт, а на твитер се огласи и американскот претседател Доналд Трамп. И порај овие молби и пораки, властите во Иран утрово, со бесење го погубија 27-годишниот борец.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести