Марко Асенсио ја одби понудата за продолжување на договорот со Реал Мадрид и налето ќе има нов клуб. Интерес за него има од неколку клубови, но според информациите, најблиску до неговиот потпис е екипата на Астон вила, која од клупата е предводена од шпанскиот тренер Унаи Емери.
Екипата од Бирмингам веќе испратила понуда до Асеснсио и преговорите се во тек. Постојат шпекулации дека и ПСЖ сака да се вклучи во трката по Шпанецот, но и неколку италијански клубови.
Асенсио во Реал Мадрид пристигна во 2014 година од Мајорка и со Кралевите освои сè што може еден фудбалер да освои во својата кариера.