5.8 C
Skopje
понеделник, 2 март 2026

Го платија 100 милиони евра, а тој сега тренира со аматерски клуб (Видео)

Украинскиот фудбалер Михајло Мудрик важеше за еден од најголемите таленти во неговата генерација. Во 2023 година, Челзи за Мудрик плати неверојатни 100 милиони евра, но едноставно овој фудбалер не се прослави.

Мудрик не одиграл официјален меч за Челзи од натпревар од Конференциската лига во ноември 2024 година. Неговите проблеми започнаа во декември истата година, кога беше позитивен на мелдониум, супстанца забранета од Светската антидопинг агенција.

Откако беше формално обвинет од Англиската фудбалска асоцијација (ФА) во јуни 2025 година, Украинецот беше суспендиран. Во текот на целиот процес, тој тврдеше дека е невин, но правниот процес го даде спротивното и обвинението беше потврдено, а фудбалерот суспендиран.

Украинецот кој беше платен 100 милиони евра сега на својот инстаграм профил на кој има 1,8 милиони следбеници, сподели видео на кое покажува како ја одржува формата тренирајќи во полупрофесионалниот клуб на Ухбриџ, кој се натпреварува во седмата по ранг лига во Англија.

Со тоа видео Мудрик сакаше да се пофали дека уште е во форма и не го загубил чувството за постигнување голови.

- Оглас -

Најнови вести