Го претепа Мекгрегор и порача: Јас сум новиот светски првак!

Американецот Дастин Појре се израдува на најзначајната победа во кариерата откако во октагонот во Абу Даби, во втората рунда го нокаутираше фаворизираниот Конор Мекгрегор. Веднаш по победата Појре порача дека тој ќе биде новиот светски првак.

„Макс Халовеј вели дека тој е најдобриот борец во нашата категорија. Секоја чест за него, но два пати го имам победено. Мислам дека денеска добро се покажав и со Конор. Неколку пати ме погоди од контранапад, знаевме дека така е многу опасен. Некогаш губам контрола, затоа што сакам да го повредам противникот и влегувам во ситуации во кои настрадувам. Честитки до Конор, машки го поднесе поразот, докажа дека е вистински професионалец. Сега сме 1-1, па можеби ќе треба да направиме и трета борба. Мислам дека ова беше борба за шампион. Конор и јас сме најдобри, а јас сега победив. Ако Хабиб не се враќа во рингот и појасот нема сопственик, тогаш јас сум новиот шампион“, порача Појре по нокаутот над Конор Мекгрегор.

- Оглас -

Најнови вести