Го стигна казната: Навивачот што фрлаше луѓе во фонтана, го доби заслуженото

Навивачот на Ливерпул кој беше снимен на камера како фрла туристи во фонтана во Барселона, доби три години забрана за влез на стадионите. Ентони Мален е 57-годишниот симпатизер на Ливерпул кој дивееше пред првиот меч од полуфиналето во Лигата на шампионите.

Мален успеа најмалку двајца туристи да ги фрли во фонтаната сакајќи да биде интересен и забавен пред останатите фанови на Ливерпул.

На првата снимка настрада еден постар турист, додека на втората се гледа како Ентони насилно во фонтаната фрла помлад турист.

„Тоа беа грозни инциденти во кои настрадаа двајца недолжни луѓе. Тие беа жртви на Ентони. Поголем дел од навивачите кои беа во Барселона беа коректни, а однесување како тоа на Мален нема да се толерира“, стои во образложението на одлуката Ентони во следните три години да не смее да присуствува на фудбалски меч.

Освен овие два инциденти во Барселона, 57-годишниот навивач на Ливерпул направи инцидент и во последното коло од Премиер лигата, кога пред стадионот успеал да му ги соблече пантолоните на еден од редарите на „Енфилд роуд“.

 

- Оглас -

Најнови вести