Навивачи на Ливерпул фрлаа туристи во фонтана во Барселона (Видео)

Барселона вечерва на „Камп Ноу“ го пречекува Ливерпул, во првиот меч од полуфиналето, кое го доби епитетот на „финале пред финале“. Овие два  клуба кои имаат по пет европски титули се фаворити за трофејот, во однос на Ајакс и Тотенхем.

Ливерпул игра на гости, но ќе има поддршка од своите навивачи. Голем број на фанови на Ливерпул веќе два-три дена се во Барселона и го очекуваат дуелот. Дека знаат да претераат англиските фанови досега покажале многу пати, а вчера имаа уште една ваква епизода.

Собрани покрај една фонтана во Барселона, еден навивач на Ливерпул „ловеше“ невнимателни туристи, кои ги фрлаше во фонтаната. Овој негов потег наидуваше на одобрување кај останатите навивачи, иако во еден од случаите се работеше за постар турист, кој целиот заврши во фонтаната.

https://twitter.com/foromdm0/status/1123349388414341122

 

- Оглас -

Најнови вести