Фудбалерките на СФК 2000 Сараево го совладаа тимот на Дрина од Зворник со брутален резултат од 39-0, а клубот од главниот град на БиХ, ги обвини поразените дека не се однесувале во духот на ферплејот.
Од сараевскиот клуб се пожалија дека Дрина не покажала почит, бидејќи девојчињата кои играле, речиси и да не трчале и сеедно им било колку голови ќе примат, а ја обвинија управата на клубот која ги терала да „играат“.
Екипата на Дрина настапила во подмладен состав, па од Сараево немале намера да ги понижат, но девојките од гостинскиот тим биле тотално незаинтересирани, и настапиле само колку да избегнат финансиска казна со евентуалното непојавување на терен. Во второто полувреме, Дрина се појавила со само 8 фудбалерки на терен, без објаснување дали останатите се повредени.