Во моменти кога Реал Мадрид го имаше резултатот во своја корист против Уеска, Герет Бејл на 20 минути пред крајот можеше да ги реши сите дилеми на средбата на „Сантијаго Бернабеу“. Сепак, Велшанецот го утна невозможното.
Наместо да го претвори во гол одличното проигрување од Одриосола, Бејл на два метра од голот ја прати топката на трибини.
Гостите израмнија на 2-2 само четири минути подоцна, но, за среќа, Карим Бензема ја донесе победата за „кралевите“ во 89-тата минута.
https://streamable.com/81u9q